Вечерва затворен дел од центарот на Скопје поради снимање на филм

од Nikola Popovski
26 прегледи

Поради снимање филм вечерва во периодот од 20:00 до 04:00 часот затворен за сообраќај во двете насоки ќе биде булеварот„11-ти Октомври“ на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини