230
Денес во Америка се одржа свечена церемонија на инаугурација, а Џо Бајден официјално стана претседател на Соединетите држави, додека Камала Харис положи заклетва и ја презеде функцијата потпретседател на државата.
За првпат во поновата историја претходниот претседател и првата дама не присуствуваа на инаугурацијата, а Доналд Трамп отпатува со Меланија пред церемонијата во Флорида.
Откако официјално ја презедоа власта, сите снимки на претходниот претседател Доналд Трамп и неговата администрација беа избришани на каналот Јутјуб на Белата куќа.
Во моментов, на тој канал е објавена само снимка во живо од инаугурацијата на 46-от претседател на САД, eо Бајден.