Времето во Македонија утрово ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер претежно од северо-западен правец.
Утринската температура ќе се движи од -16 до -7 степени, а дневната од -2 до 7 степени. Во делови од Пелагонија, утринската температура ќе достигне и околу -20, а максималната околу -7 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала, а во вечерните часови со позначителна облачност. Утринската температура ќе се спушти до -13 степени, а дневната ќе достигне до нула степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во пораст, но сепак утринските ќе бидат негативни, на места и под -10 степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.