Веганка покажа промени на лицето кога почнала да јаде месо (ФОТО)

од Vladimir Zorba
552 прегледи

Блогерката Касуми Крис од Холандија е веган веќе четири години. Сепак почнала да јаде месо, а потоа покажала како и се променило лицето по само три недели нова диета.

Касуми во еден момент одлучила да се префрли на веганска исхрана од здравствени причини и, како што вели, тоа на почетокот многу и помогнало. Акните и се намалиле, целокупната состојба и се подобрила и доби повеќе енергија, но имала и дигестивни проблеми.

Меѓутоа, по две години веганство, кожата и се променила – добила акни, лицето и било суво и иритирано.

Ѝ се чинело дека храната делува против неа.

Нејзините нокти и коса станале кршливи, а поради стресот од кој очигледно трпело телото, таа ја изгубила менструацијата четири месеци.

Потоа во една прилика си дозволила да го прекрши веганскиот режим и изела едно варено јајце. Интересно е што после тоа, во следните три дена, нејзиното расположение почнало драстично да се подобрува, пишува BrightSide.

Не долго потоа, оваа млада блогерка решила да се откаже од веганската исхрана.

„Понекогаш се чувствувам чудно, но мислам дека тоа е вистинската одлука“, го сподели своето искуство во тоа време со голем број следбеници.

По само три недели забележала големи промени.

„Мојата кожа изгледа подобро, лицето не ми е отечено и што е најважно, повеќе не се чувствувам безживотно.

Крајниот резултат го документирала со фотографии.

На фотографијата лево се гледа како изгледала Касуми кога била веган четири години и јадела само овошје и зеленчук.

Слични содржини