Во жешкиве летни денови не се препорачува да се консумира многу мрсна храна, па еве еден предлог за вкусен вегетаријански сендвич за кој Ви е потребно:

-тортиља, лепче за гиро, бегет или земичка ( по ваш избор)
-луто пипиперче
-домат
-печурки ( свежи или маринирани)
-рукола
-кромид (по желба)
-кашкавал
-биено сирење
-посен мајонез
-сенф
Начин на приготвување:
Тортиљата или лепчето што ќе го правите сендвич на загреана тавата малку затоплете го, додека го мачкате лепчето со малку сенф и посен мајонез, во истата тава испрежете ги на малку маслинов зејтин печурките, потоаставете ги на летчето, во истата тава потпечете го биеното сирење и потоа и тоа додадете го во сенвичот, потоа потпечете го кромидот исечен на кругови и тој додате го во лепчето. На крај ставете го ренданиот кашкавал, лутото пиперче, доматот и руколата и секако зачинете по ваш избор.