Англискиот второлигаш Дерби Каунти објави дека Холанѓанецот Филип Коку повеќе не е тренер на овој клуб и дека соработката е раскината по заеднички договор.
Коку пристигна на „Паркот на гордоста“ летото 2019 година кога Френк Лампард замина во Челси, но оваа сезона не започна како што треба и Дерби е на дното на табелата во Чемпионшип дивизијата со само шест бода.
Практично сите британски медиуми пишуваат дека Вејн Руни сега ќе го преземе управувањето со тимот, бидејќи славниот Англичанец беше играч и помошник тренер до сега, откако газдата Мел Морис го планираше за следен шеф на стручниот штаб.
Засега, Дерби го назначи само како привремен тренер, а ќе му помагаат поранешните играчи во Премиер лигата, Лиам Росиор (Фулам) и Шеј Гивен (Њукасл), кои исто така му помагаа на Лампард.