Веќе е под ИСТРАГА! Фијон го обвинуваат за измами и за врски со Путин

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Француската обвинителство  ги проширува истражните дејствија против кандидат-претседателот на десничарската партија “Републиканците” Франсоа Фијон, а новинарска  истрага пак  го обвинува  за врски со Путин.

Тој веќе е осомничен за измама и фалсификат, откако во март против него беше поднесена тужба за трошењето на државни средства заради вработување на сопругата и децата му како негови помошници за време на пратеничкиот мандат, посочува Дојче веле.

Врз основа на нови податоци од финансиската обвинителство , истрагата треба да разјасни дали не се фалсификувани документи во врска со плаќањето на сопругата на Фијон – Пенелопе.

Како што претходно објави Локално.мк ,  беше соопштено дека во својство на пратеник тој ја ангажирал како своја асистентка, за што добила околу 700 илјади евра.

Во меѓувреме, францускиот сатиричен неделник “Le Canard enchaîné”, кој е стручен и во новинарски истраги откри дека работи по информации за бизнис контакти на Фијон со Кремљ . Медиумите истражуваат податоци за посредување на консултантска фирма, која му припаѓа на францускиот претседателски кандидат, при организирањето на средбата меѓу неименуван клиент бизнисмен и Владимир Путин .

Фирмата е основана во 2012 година, по премиерскиота мандат на Франсоа Фијон.

Средбата требало да се одржи во јуни 2015 година за време на економскиот форум во Санкт Петербуг. Се наведува дека фирмата на Фијон потпишала со клиент договор за помош по склучување на меѓународни договори. Договорениот  хонорар на фирмата  е 50 илјади долари.

Негови претставници изјавија дека информациите не одговара на реалноста и дека активностите на неговата компанија се легални.