Вељаноски, Ристовски и Јанакиески приведени се чекаат уште Груевски и Бошковски
Обвинителството гони пет лица како организатори на крвавиот упад во Собранието на 27 април 2017. Меѓу нив е и експремиерот Груевски, како и избеганиот разузнавач Никола Бошкоски, пренесе ДВ.
Официјално нема податоци за кои лица се бара притвор, а се очекува официјално соопштение. Но, според неофицијални информации, две од лицата за кои се бара притвор се надвор од државата. Се претпоставува дека станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски и за поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој повеќе од една година е во Грција.
Поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски е меѓу обвинетите како организатор на упадот од 27 април
Под сомнение за наводна вмешаност во организацијата на насилствата од „крвавиот четврток“ медиуми веќе објавија дека попладнево веќе бил приведен поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, а по него и ексминистерот за транспорт Миле Јанакиески, како и ексминистерот за труд во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски.
Дел од лицата кои ги бара обвинителството беа посочени во сведочењето на Александар Василевски-Нинџа пред судот.
По распит на излегување од суд Вељановски велид ек не бил виновен и дека било срамота дека тој 10 гофини бил претседател на Собранието на РМ.