Пратеникот Трајко Вељаноски на Фејсбук напиша дека е Собранието донело принципиелна одлука да не му се одземе имунитетот.

„Собранието на Република Македонија не го одзеде имунитетот којшто го имам како пратеник. Тоа е принципиелна одлука. Стојам на располагање да се јавам на сите покани по предметот и да ги почитувам сите позитивни законски прописи“, напиша Вељаноски.

Тој е осомничен како еден од организаторите на настаните од 27 април 2017 година кога имаше упад во Собранието.
Синоќа не му е беше одземен имунитетот, а пленарната седница спикерот Талат Џафери ја прекина околу полноќ, за што денеска имаше низа критики дека го спасил Вељаноски.