Вељаноски за „27 април“: Обнителството со ништо не докажа дека јас сум учествувал во некаков наводен план

од Берта Китинска
336 прегледи

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на денешното судење на завршните зборови за настаните од 27 април ги започна објаснуваќ како четири години го носи товарот на себе, но и знае дека бог ни ги дава само оние товари што може да се издржат.

-Во однос на обвинението дека сме изготвиле план да го загрозиме уставниот поредок, ве уверувам дека ни немав никаков план туку цело време бев посветен да се заврши конститутивната седница. Со Владимир Атанасовски сум немал никакви контакти а со Јанакиески имав контакти додека беше министер за транспорт и врски. Во прилог ќе го додадам и сведочето на Зоран Заев кој рече дека како човек кој бил жртва не мисли дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски се осмислувачи и организатори на настаните од 27 април. Обнителството со ништо не докажа дека имало план ниту пак дека јас сум учествувал во некаков наводен план, посочи Вељаноски

Слични содржини