Вељаноски за „Монструм“: Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно

од Берта Китинска
308 прегледи

Трајко Вељаноски по рочиштето за предметот „Монструм“, каде се споменуваше неговото име, посочува дека долго време бил цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на лаги и измислувања. Тој преку статус на социјалните мрежи вели дека Македонија е поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика, изминативе неколку години успевале најмногу.

„Премолчував долго време, а тоа не беше воопшто лесно и едноставно за мене.

Бев цел на планирани и оркестрирани напади, базирани на класични лаги и измислувања.

Политиката во Македонија стана поле каде неморалните, лажливците и луѓето без етика најмногу успеваа во минатите неколку години.

Долги години одредени пара-структури протураа лага дека сум бил некако замешан во случајот Монструм. Ми беше тешко да молчам, но знаев и верував дека еден ден се ќе стане јасно и ќе биде чисто дека тоа беше конструирана лага за мое лично оцрнување.

Нападот против мене е ништо и е незначајно во споредба со болката на семејствата на петте прерано згаснати млади животи. Одлуката некој да си поигрува со нивните судбини и чувства е тешко бреме кое ќе остане до крајот на животот.

Не посакувам на никого да ги преживува лагите и нападите што јас ги преживеав со оваа ниска и гнасна конструкција. Луѓето што ја смислиле и пласирале со години немаат морал.

Денес кога се е јасно, јас само ќе им порачам да им стои на чест и совест. Ако имаат чест и совест, нема да им е лесно засекогаш“, напиша Вељаноски на својот Фејсбук профил.

 

Слични содржини