Вељаноски за вторник закажа координативна средба во Собранието

од Vladimir Zorba
137 прегледи

 

Откако СДСМ достави инцијатива со 67 потписи за продолжување на конститутивната седница на Собранието, поранешниот претседател на законодавниот дом, Трајко Вељаноски, закажа координативна средба во вторник, во 12 часот.

„Денеска во Собранието на Република Македонија ми беше доставено барање од 67 пратеници за закажување на продолжение на конститутивната седница на деветтиот парламентарен состав, почната и прекината на 30 декември 2016 година. Од тие причини, а по извршените консултации со овластените претставници на политичките партии застапени во парламентот, закажав координативна средба за вторник, 21 март 2017 година, во 12 часот“, се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Од кабинетот на досегашниот спикер велат дека на координативната средба треба да биде утврден предлогот за состав на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, кој ќе послужи како основа за закажување на продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија./a1on