Вељаноски жали за 27-ми април: Сите заедно сме жртви и изгубивме многу

од Nikola Popovski
262 прегледи

„Работев според Деловник и немам никаква вина за настаните од 27 април“, вака изјави поранешниот спикер во Собранието, Трајко Вељаноски, на денешното судењето за организаторите на случувањата на 27 април 2017 година.

Тој вели дека навистина му е жал што се случило.

„Имаше жртви, некои физички, а некои политички, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу. Во 18:01 часот ја прекинав седницата, закажав продолжение за утредента, се качив во кабинетот и се случија тие немили настани за кои најискрено жалам затоа што имаше жртви, едни физички, други беа политички жртви, но сите заедно сме жртви и изгубивме многу од тој настан”, рече Вељаноски.

Според него, „голема лага“ е изјавата на сведокот Александар Василевски Нинџа дека добивал наредби за инцидентите од тогашната заменичка министерка Билјана Бришкоска.

Прашан дали и каква комуникација имал со останатите обвинети на 27 април 2017 година, поранешниот собраниски спикер Вељановски рече дека со Владимир Атанасовски немал никаква комуникација и дека го запознал во судница, со Миле Јанакиески имал службена комуникација додека бил министер, но во 2017 година никаква комуникациа, додека со Спиро Ристовски имал само службена комуникација, а на 27 април се чул со него за да се информира за инспекциски надзор на просветен инспекторат на некој факултет.

Денешното рочиште беше прекинато на барање на обвинителката Вилма Русковска, која, како што кажа, цела ноќ била будна поради спроведувањето на денешната акција „Планина“ за сузбивање нарко-дилерски ланец во Скопје.

На наредното рочиште на 31 март одбрани треба да даваат и другите обвинети: ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Слични содржини