243
Велешанец им понудил 500 евра на полициски службеници во замена за негово ослободување, соопштија од МВР.
Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д.(30) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик.
Како што иноформираат од полицијата, лицето на 13.05.2023 било лишено од слобода и при движење кон Полициската станица во Велес на полициските службеници им понудил по 30.000 денари да го ослободат.