Велешанец тепал и ограбувал повозрасни жени

од Берта Китинска
302 прегледи

Основното јaвно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32-годишен велешанец, осомничен за две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Велешанецот на 6 март во куќата на 77-годишна жена побарал храна и пари, а кога таа сакала да му даде 100 денари, тој ја удрил трипати со бокс и ја турнал. Жената паднала на подот, а тој продолжил со клоци да ја удира по телото. Потоа и го одзел паричникот во кој оштетената имала уште 1.000 денари и веднаш избегал од местото на настанот.

На 5 април, осомничениот отишол во куќа во центарот на Велес каде живеела сама жена на возраст од 78 години. Преку преградниот ѕид се префрлил во дворот од куќата, па по скалите се качил на терасата од вториот кат и преку прозорецот влегол во куќата. Се симнал на долниот кат каде седела оштетената и од неа побарал пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари кај себе, тој ја турнал од креветот и ја удирал со клоци по телото и главата, нанесувајќи и телесни повреди. Пребарувајќи низ куќата, го пронашол паричникот на оштетената во кој имало 1.000 денари, ги одзел парите и околу 20 литри ракија кои ги пронашол во домот, па си заминал.

Слични содржини