Велешани годинава ќе имаат доволно вода за пиење

од desk4
67 прегледи

Граѓаните на Велес годинава нема да се соочат со проблеми во снабдувањето со вода за пиење, бидејќи во вештачкото езеро има акумулирано доволно количества, тврдат од јавното водостопанско претпријатие „Лисиче“.

Инаку како што појаснуваат од стручната служба на ХС „Лисиче“ од последните обилни дождови на почетокот на декември котата на езерото била повисока за скоро пет метри од вообичаената во овој период од годината.