Велешани сексуално се изживувале врз малолетничка и со неа снимале порно видеа

од Stefanija Kuzmanovska
383 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Трговија со дете предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.

Имено, С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал.

Првоосомничениот во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, на подрачјето на Велес извршен е претрес во дом и други простории кај С.Д., петте лица се приведени.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години.​

Слични содржини