Велешанката Пале не чувствува вина за убиството на партнерот: Делото го сторив во самоодбрана

од Берта Китинска
209 прегледи

Денеска во Основниот суд Велес започна судењето на Павлинка Илоска која се товари за кривично дело „убиство во миг”.

Таа пред судијката која ја води постапката кажа дека не се чувствува виновна бидејќи делото го направила во самоодбрана.

Хелсиншкиот комитет реагираше на обвинението и смета дека Илоска треба да се товари за кривично дело направено во самоодбрана, а не за убиство на миг кое пропишува затворска казна од една до пет години.

Овој случај ја потресе јавноста откако се обзнани дека таа била малтретирана од својот поранешен невенчан партнер и на кој во миг на самоодбрана таа му нанела фатална рана со нож.

Убиството се случи на 29 септември лани во куќата каде Иловска невенчано живеела со полицаецот Александар Ристовски. Тој започнал кавга нарекувајќи ја со погрдни зборови, Илоска легнала да спие во спалната, но тој ја фатил за пижамата и ја влечел до кујната. Ја удирал со тупаници и со клоци по главата и по телото. Силно ја фатил со раце за вратот и ја давел.

Девојката го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и го пробола директно во срцето. Убодот бил смртоносен.

Слични содржини