Величковски: На ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ им се оствари посакуваното „Албанците да не се мешаат

ВЛЕН и ДУИ веќе не се во состојба да наметнуваат партиски, туку да мора да го следат интраетничкиот наратив на Албанците во Северна Македонија, сподели на својот Фејсбук профил Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република

од Vladimir Zorba
186 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЦИВИЛ

Доведени во практична изолација, Владата на Мицкоски (сосе Филипче) се принудени да го предизвикуваат Преспанскиот договор и Преговарачката рамка. ВЛЕН и ДУИ веќе не се во состојба да наметнуваат партиски, туку да мора да го следат интраетничкиот наратив на Албанците во Северна Македонија, сподели на својот Фејсбук профил Ивон Величковски, лидер на партијата Движење за нова република.

„Тоа се виде со прославата на „Денот на знамето“ и протестот за поддршка на хашките притвореници од ОВК.

Овие прашања за Албанците беа јасно означени како етнички, албански, неконфронтирани со прашањата на Македонците – и одделни. И со тоа неповрзани со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

На ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ им се оствари посакуваното „Албанците да не се мешаат“, смета тој.

Слични содржини