Велигденов: Вработените во Пошта немаат ниту велосипеди, ниту мопеди

од Nikola Popovski
343 прегледи

Покрај барањето за линеарно покачување на платите, се соочуваме со субстандардни услови за работа во објекти постари од 50 години. Не се ни бојадисувани. Немаме основни средства за работа, нема велосипеди, мопеди, технолошки возила, компјутерска опрема. Најбитно во барањата е да се изготви нова систематизација за реорганизација на работењето за да се приспособиме на условите на пазарот, вели Боро Велигденов претседател на Синдикат на Пошта во емисијата „24 анализа“.

Според него, на проблемите мора да се погледне во очи.

-На 7 март директорот не извести дека не може да присуствува на состанокот поради итни неодложни обврски и дека го поддржува барањето на вработените за линеарно покачување на платите. Платите во АД Пошта не се покачени веќе 30 години. Моментално само над 30% од вработените земаат под минималната плата. Генерален штрајк се додека не се исполнат нашите барања, информира Велигденов.

Слични содржини