Велика Британија го направи најголемиот воздухоплов

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Успешно беше реализиран временскиот лет на најголемиот во светот дирижабл, создаден во Велика Британија, објави “Телеграф”.airlander-airship

Изданието информира дека “Ерлендeр 10” (Airlander 10) успешно се издигналo над земјата во грофовијата Бедфордшир. Должината на воздухопловот е 92 метри (за 8 метри подолга од Ен 225 “Мрија” – најдолгиот во светот авион).

Се претпоставува дека “Ерлендер” ќе може да се издига до 4,9 километри во височина, а брзината ќе биде до 150 км / ч. Максималната носивост е 10 тони. Дирижаблот е конструиран од компанијата “Hybrid Air Vehicles” во 2009 година за потребите на американската армија, но договорот бил прекинат поради буџетски кратења.

Во развојот на “Ерлендер 10” британската влада е вложило 3,7 милиони долари.