Косовскиот претседател Вјоса Османи се состана со директорот за Европа во Министерството за надворешни работи на Велика Британија, Џилс Портман.
Портман истакна дека Обединетото Кралство е поддржувач на приемот на Косово во НАТО, што „ќе придонесе за стабилност и безбедност во регионот и пошироко“.
Тој исто така изрази поддршка од Велика Британија во зајакнувањето на меѓународната субјективност на Косово.
Османи изрази благодарност за историската поддршка на Велика Британија за Косово, вклучително и ангажманот на НАТО и континуираната поддршка од независноста.
Претседателката Османи особено изрази благодарност за помошта и посветеноста на Велика Британија да ја разјасни судбината на исчезнатите за време на конфликтот во Косово, нагласувајќи дека ова прашање е предуслов за траен мир и успех во процесот на дијалог.