Шефовите на британската и француската дипломатија Дејвид Камерон и Кетрин Колона денеска, по средбата во Париз, повторија дека ќе и помогнат на Украина колку што е потребно.
Камерон по средбата изјави дека сојузниците на Украина мора подобро да ја искористат својата економска моќ за да ја надминат силата на руската воена машинерија.
Тој додаде дека ако се соберат економиите на сите западни партнери на Украина, тие ја надминуваат руската економија за 3,8 отсто.
– Она што треба да го направиме е да се исплати таа економска сила и таа посветеност. Ако можеме, а не се сомневам дека можеме, да се осигураме дека (рускиот претседател Владимир) Путин ќе загуби, рече Камерон.
Колона посочи дека Велика Британија и Франција работат заедно за да се осигураат дека руската агресија нема да се исплати.
Ниту Камерон ниту Колона не најавија нова помош за Украина.