Британската влада се подготвува да објави процес на регистрација за жителите во Велика Британија на околу 3 милиони граѓани на ЕУ како прв чекор кон решавање на нивниот правен статус по Brexit-а, пишува британскиот весник. “Гардијан”.
Се очекува Владата да им предложи на граѓаните на ЕУ да го “покажат интересот” и да извадат документи за право да живеат и работат во Велика Британија по 2019 година, кога таа ќе го напушти европскиот блок.
Владата се надева дека собраните информации ќе им помогнат на луѓето кои ќе аплицираат за престој, откако Велика Британија ќе излезе од ЕУ, за да ја спречи лавината од молби на денот на Брегзит, пишува весникот.
Се очекува процедурата за регистрација да е со посебна нова шема, создадена за граѓаните на ЕУ кои веќе живеат во Велика Британија. Тоа нема да е во сегашната процедура за дозвола за постојан престој се бара од кандидатите понови документи со кои ќе докажат дека имаат право да останат во земјата.
Нема законска обврска граѓаните на ЕУ да аплицираат за карти за престој, но многумина панично побрзаа да си обезбедат документот, сметајќи дека тоа е единствениот начин да го докажат својот статус по Брекзит, потсетува “Гардијан”.
Минатата недела “Фајненшл Тајмс” соопшти дека европските граѓани што живеат во Велика Британија, ќе ги добијат истите права кои сега ги имаат, и откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ.