207
Обединетото Кралство воведува санкции кон Белорусија поради нејзината улога во руската инвазија на Украина, соопшти владата.
Министерката за надворешни работи Лиз Трас соопшти дека се иницирани санкции против поединци и организации поради улогата што земјата ја има во руската инвазија на Украина.
„Режимот на Лукашенко активно ја помага и поддржува агресивната и илегална инвазија на Русија и ќе биде принуден да ги почувствува економските последици од неговата поддршка за Путин“, ја цитира Би-Би-Си изјавата на Трас.