Во Велика Британија денес се пријавени 48.553 нови случаи на Ковид-19, што е највисока бројка во последните шест месеци.
Претходниот ден со повеќе новозаразени беше 15 јануари, кога имаше 55.761 нови случаи, пишува Sky News.
Британија забележа и 63 нови смртни случаи поврзани со инфекцијата со ковид-19. Ова е најголем број на смртни случаи од 26 март, кога имаше 70.
Вчера имаше 42.302 нови случаи и 49 смртни случаи, а пред една недела 32.551 новозаразени и 35 смртни случаи.