Велика Британија: Најмногу смртни случаи од корона во последните четири месеци

од Nikola Popovski

Во Велика Британија, најголемиот дневен број на смртни случаи од коронавирус во последните четири месеци е забележан во последните 24 часа, по големиот скок на бројот на новозаразени во претходните недели и само еден ден по укинувањето на сите ограничувања.

Според податоците на владата, изминатиот ден починаа 96 лица, што е највисок дневен биланс од 24 март.

Регистрирани се и 46.558 нови случаи, пренесува АП, истакнувајќи дека бројот на нови инфекции е обично поголем во вторник, затоа што тогаш пристигнуваат доцните податоци од викендот.

Во Велика Британија скоро сите мерки за сузбивање на коронавирусот беа укинати во понеделникот, а Британците тој ден го прогласија за „Ден на слободата“.

Слични содржини