Во Велика Британија се воведени нови сериозни ограничувања за борба против епидемијата на коронавирус, особено во Шкотска и Северна Ирска, со цел да се запре новиот вид на коронавирус за кој се верува дека се шири побрзо.
Бројот на луѓе кои се под највисоко ниво на ограничувања на „Група 4“, за кои основната порака е „Не ја напуштај куќата“, денес е зголемен за шест милиони со нови мерки, на вкупно 24 милиони луѓе, што е околу 43 проценти од британското население.
Не е дозволено мешање луѓе од различни домаќинства во затворени простории и дозволено е само основно патување. Наредено е затворање на спортски сали, базени, фризери и продавници кои не продаваат намирници.
Од вчера до денес, пријавени се уште 570 смртни случаи од КОВИД-19, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 70.195. Само во четвртокот, на Божиќ, евидентирани се повеќе од 32.700 нови случаи на заболување.
Во својот годишен божиќен говор, кралицата Елизабета Втора, која поголемиот дел од оваа година ја помина во изолација со сопругот принцот Филип во замокот Виндзор, испрати искрена порака за надеж, славејќи го „нескротливиот дух“ на оние кои „величествено“ се соочија со предизвиците на пандемијата во Велика Британија.
Земјата е втора по бројот на починати во Европа, зад Италија.