Меј истакна дека кога стана премиер на Велика Британија, на земјата и требало стабилност и таа го постигнала.

 Премиерот уште истакна дека се имплементирано и целите по референдумот.

Велика Британија ја напушти ЕУ и нема враќање назад, појасни таа.

Според неа потребни се предвремени избори, бидејќи другите партии се противат на плановите на владата за Брекзит.

Владата, според нејзините зборови , има план за Брегзит, кој ќе им овозможи на Велика Британија да ја врати контролата над законите и граници. Тоа е вистинскиот пристап и е во национален интерес, но другите партии се противат, се пожали таа.

Државата се обединува, но не и Вестминстер, смета таа.

 Треба да има единство во Вестминстер (британскиот парламент -б.р.), но нема.Лабуристите  се закануваат да го блокираат финалниот договор, a Шкотската национална партија се противи на работата на владата, објасни Тереза ​​Меј и додаде дека во горниот дом лордовите исто се против кабинетот.

Таа додаде дека не е подготвена да дозволи нејзините ривали  да му наштетат на преговорите за Брекзит.

 Тоа е вистинскиот пристап и е во национален интерес, но другите партии се противат

Ако сега не се одржат избори, игранките  ќе продолжат, појасни Меј и додаде дека неодамна достигна  одлуката за предвремени избори.

Според неа парламентарните избори ќе “гарантираат безбедност и стабилност ” во наредните години.

 Премиерот разјасни дека утре ќе поднесе во Домот на општините предлог за предвремени парламентарни избори на 8 јуни.