Велика Британија повикува високоризични влонтери да ја тестираат вакцината за корона

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Владата на Велика Британија ги покани постарите луѓе, црнокожите и Азијците, да се пријават за да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината КОВИД 19.

Учеството на овие волонтери треба да придонесе за изнаоѓање вакцина што би била ефикасна за припадниците на високоризични групи, пренесе Ројтерс.

Британското Министерство за економија соопшти дека досега повеќе од 100.000 луѓе се пријавиле да учествуваат во клиничките испитувања на вакцината против коронавирус, но дека треба да бидат ангажирани повеќе волонтери од различни профили, особено оние кои припаѓаат на групи со висок ризик.

На тој начин би можело да се утврди дали вакцината е подеднакво ефикасна за сите и дали ќе може да обезбеди заштита од вирусот и за оние кои се најзагрозени, објави британската работна група за вакцини.

Британската влада особено апелира луѓето над 65-годишна возраст, медицинските работници кои се во првите редови во борбата против пандемијата, темнокожите, Азијците и членовите на малцинските етнички групи да бидат вклучени во клиничките испитувања за вакцината против коронавирус.

Истражувањето спроведено минатата недела покажува дека припадниците на малцинските етнички групи се два до три пати поподложни на инфекција со коронавирус во споредба со белците во Англија.

Покрај тоа, последиците од КОВИД-19 убиваат повеќе луѓе меѓу овие групи отколку кај белците.

Во светот има речиси дваесет истражувања за вакцина против коронавирус, но сè уште не е потврдено дека некоја од нив е ефикасна.

Според најновите податоци од универзитетот „Џонс Хопкинс“, повеќе од 320.000 луѓе заразени со вирусот во Велика Британија од почетокот на пандемијата, како резултат на што загинаа скоро 47.000 луѓе.

Слични содржини