Британскиот регулатор соопшти дека досега се идентификувани 30 случаи на формирање на крвни згрутчувања по администрација на 18 милиони дози од вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, 25 повеќе отколку во претходниот извештај.
На 18 март, британскиот регулатор пријави пет случаи на згрутчување на крвта на употребени 11 милиони дози.
Во четвртокот, беа пријавени 22 случаи на формирање на згрутчувања во мозокот и осум други случаи на згрутчување на крвта кај луѓе со многу мал број на тромбоцити на 18,1 милиони дози на вакцината.
Регулаторната агенција за лекови и здравство соопшти дека не добила такви извештаи по употребата на вакцината Pfizer/BioNTech.
Здравствените власти продолжуваат да веруваат дека придобивките од вакцината во спречувањето на болеста ковид-19 далеку го надминуваат можниот ризик од формирање на крвни згрутчувања.
Некои држави ја ограничија употребата на вакцината на „АстраЗенека“, додека други продолжија да ја користат. Извештаите за ретките згрутчувања се уште се испитуваат.