Велика Британија: Путин во петок ќе објави присоединување на украинските региони

од Stefanija Kuzmanovska
209 прегледи

Рускиот претседател, Владимир Путин, за време на неговото обраќање во парламентот закажано за петок ќе го објави приклучувањето на самопрогласените Народни Републики Доњецк и Луганск, како и на делови од регионите Херсон и Запорожје, под контрола на руската армија, на кои се одржува референдум за приклучување кон Русија, соопшти британското министерство за одбрана.

Референдумите, кои се во тек на овие територии, треба да завршат денеска, се вели во соопштението објавено на официјалниот Твитер профил на министерството, пренесува „Ројтерс“.

„Руските лидери речиси сигурно се надеваат дека секоја најава за приклучување ќе биде сфатена како оправдување за специјална воена операција и ќе ја консолидира патриотската поддршка за конфликтот“, соопшти британското министерство за одбрана.

Слични содржини