Велика Британија развива сончева енергија во вселената, инвестира 4,3 милиони фунти

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Британски иноватори ќе добијат 4,3 милиони фунти за развој на сончевата енергија во вселената, пишува Гардијан.

Технологијата, која собира енергија од сонцето со помош на сателитски панел и ја испраќа назад на Земјата, има огромен потенцијал да ја зајакне енергетската безбедност на Велика Британија, рече секретарот за енергетска безбедност на Велика Британија, Грант Шапс.

Иако идејата за изградба на комерцијална централа во вселената може да звучи неверојатно, вселенската индустрија долго време е во првите редови на развојот на соларната енергија. Имено, потребата од напојување на сателитите беше клучен двигател за зголемување на ефикасноста на соларните панели кои произведуваат електрична енергија за домовите и деловните субјекти.

Меѓу примателите на средствата се: Универзитетот во Кембриџ, кој развива ултра лесни соларни панели кои можат да издржат високо ниво на радијација во вселената, како и Универзитетот Квин Мери во Лондон, кој развива безжичен систем кој овозможува сончева енергија од вселената безбедно да се пренесе на Земјата.

Овој месец, научниците од Калифорнискиот институт за технологија тврдеа дека успешно пренеле сончева енергија на Земјата од вселената за прв пат, користејќи прототип на вселенско летало наречено Maple кое беше лансирано во орбитата во јануари.

Независна студија нарачана од владата на Велика Британија во 2021 година покажа дека сончевата енергија од вселената може да генерира до 10 GW електрична енергија годишно – четвртина од потребите за електрична енергија на Островот до 2050 година.

Одделот за енергетска безбедност и Net Zero тврди дека може да создаде индустрија од повеќе милијарди фунти и до 143.000 работни места низ целата земја.

Слични содржини