Велика Британија денес објави рекордни 41.385 нови случаи на коронавирус.
Новиот вид на вирус што се шири брзо ја зголемува стапката на заразени, а празничниот викенд влијаеше на пријавување на многу нови случаи, пренесува Ројтерс.
Според статистичките податоци на владината веб-страница, биле регистрирани уште 357 смртни случаи.