Британската влада денес објави дека половина од возрасната популација на Велика Британија примила барем една доза вакцина против коронавирусот, додека целта е да се вакцинира секој Британец на возраст над 18 години до крајот на јули.
Министерот за здравство Мет Хенкок изјави дека повеќе луѓе ја примиле вакцината во петокот отколку на кој било ден од почетокот на вакцинацијата во декември, пренесе АП.
-Тоа е огромен успех. Им благодарам на сите учесници, вклучително и на половина од возрасната популација, рече Ханкок, додавајќи дека вакцината е „излез од пандемијата“.