Велики вторник е ден за поуки и последни морални поуки: Исус ни дава пример како да благотвориме  – не да даваме од вишокот  за таа цел , туку како сиромашната вдовица да одвоите од последните материјални средства. Овој ден Црквата избира за поука – за десетте девици, која Христос им ја  раскажал на верници, за да им покаже дека секогаш треба да се подготвени да се соочат со небесниот младоженци со целомудрие, да се дели милостиња и подготвеност да вршиме и други добри дела, чиј симбол маназанието  кое  го приготвиле мудрите девици.

Во ноќта спроти Велики вторник Господ Исус Христос бил во Витанија и утрото дошол во Ерусалимскиот храм, каде го поучувал народот. Првосвештениците и старешините, како што ги слушале Неговите зборови, сфаќаат дека тој зборува за нив, сакале да го уапсат, но и се плашеле да Го нападнат отворено, бидејќи луѓето го почитувале како Пророк.

Започнува Страсната седмица