186
Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски смета дека е непходно да се донесе Закон за вонредна состојба. Според него, не е добро за државата кога се бега од обврските.
Вељаноски истакнува дека резултат на правната празнина и нерегулирана материја за вонредна состојба е што Собранието не ги потврди 5-те одлуки за воведување на вонредна состојба донесени од претседателот и преку 100-на уредби со законска сила донесени од Владата во текот на 2020 година.
Поранешниот функционер предлага Владата преку Министерство за правда под итно да ја заврши работата и да предложи, а Собранието да го усвои законот за вонредна состојба до крајот на годинава.