Вељаноски денеска кај Папата, а Камбовски го вика да се врати- ” Македонија е во опасна ситуација, да се распадне”

од desk3
73 прегледи

Академик Владо Камбовски го повикува претседателот на Собранието Трајко Вељаноски да не ги комплицира работите и веднаш да го свика парламентарниот состав затоа што во овој момент одговорноста за иднината на државата е лично негова.
Во изјава за САКАМДАКАЖАМ.МК, Камбовски го предупредува Вељаноски дека ја доведува Република Македонија во опасна ситуација, да се распадне.

download

“Зошто го комплицирате ова со изборите? Нема потреба. Еве го петти јуни, кампањата на единствената пријавена партија за избори ќе почне, ќе почнат луѓе да се тепаат по улица. Ќе настане општа конфузија, збрка. Одговорноста да ја повлечете одлуката за распишување на изборите е лично ваша“, му се обраќа Камбовски на Вељаноски.
Евентуална одлука за закажување седница на распуштеното Собрание не може да се случи до вторник.
Претседателот на Собранието Вељаноски пак ја предводи државната делегација која денеска во Ватикан ќе биде примена на аудиенција кај папата Франциско, во рамки на одбележувањето на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св.Кирил“.

Како што е најавено, по аудиенцијата кај папата Франциско, претседателот на Собранието Вељаноски ќе има средба со монсињор Пјетро Паролин, државен секретар на Светата Столица.

Во Базиликата „Санта Марија Маџоре“, јави известувачот на МИА од Рим, неговото блажество архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во присуство на епископот хераклејски г. Климент, монсињор Киро Стојанов и членовите на државната делегација, меѓу кои и Валентина Божиновска, претседател на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи и амабсадорите Оливер Шамбевски и Звонимир Јанкулоски, ќе ја благослови Спомен-плочата на благодарност на македонскиот народ за делото на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Оваа година прв пат, аудиенцијата ќе се одржи на 16 мај, поради обврски на папата Франциско.

Инаку, во Рим од 1960 година традиционално се одбележува овој празник со посета на државна делегација од Македонија која се поклонува на гробот на сесловенскиопт просветител Свети Кирил во црквата „Св. Климент, а поглаварот на Македонската православна црква чиноначалствува со молебен на гробот на Св. Кирил.

Во 11. век црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стар стил) за ден на светите просветители Кирил и Методиј. Денот во Македонија прв пат бил одбележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.

Датумот е избран бидејќи го означува датумот кога започнала Моравската мисија

Слични содржини