Првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски вели дека кога четворицата лидери го ставиле потписот на Договорот во Пржино, веројатно имале предвид дека 24-ти април е изводлив датум за одржување предвремени избори-пренесе ВОА.
„Гледаме дека одредени тајминзи може да се поместуваат, но не се толку невозможни за да завршат сите работи и да имаме квалитетни избори, за да може Македонија потоа да одговори на сите предизвици“, коментира Вељаноски.
Запрашан дали е можно пролонгирање на изборите на 24-ти април, под било кое сценарио, тој додава:
Изборите го омекнаа непопустливиот Груевски
„Се ` можно, ако се договори. Но, не е пожелно ниту прикладно, затоа што непочитување на еден договор, остава простор за непочитување на сите идни понатамошни договори. А непочитување е и датумот кој е договорен и ставен е потписот од четворицата лидери на политички партии“, нагласува првиот парламентарец.
Повеќе ТУКА
