Вељко и Богдана Ражнатовиќ доживеале сообраќајна несреќа: Автомобилот излетал од патот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана доживеале сообраќајна несреќа кога нивниот автомобил излетал од патот во ендек, пренесува „Пинк.рс“.

Имено, белото „ауди“ излетало од патот додека претекнувало друго возило во колоната, но се завршило добро, поради вештата реакција на возачот, пишува овој медиум.

Никој не е повреден, а конвојот продолжил понатаму. На автомобилот е причинета мала материјална штета.

Да потсетиме, Мирко Шијан и Бојана Родиќ денеска прават свадба, а меѓу гостите се и Вељко и Богдана. Богдана е сестра на Бојана.

Слични содржини