Силен земјотрес ја погоди Хрватска. Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,3 степени беше во близина на Петриња, но силни земјотреси беа почувствувани и во Загреб, како и во цела Хрватска и низ целиот регион. Во тој момент земјата се тресеше и во Србија, а земјотресот се почувствува и во Белград.
Многу јавни личности веднаш се огласија на социјалните мрежи со загриженост и испратија зборови на поддршка до хрватскиот народ. Меѓу нив е и Вељко Ражнатовиќ, кој со објава на социјалната мрежа Инстаграм им пружи поддршка на своите соседи во овој тежок период.
„Господ нека им помогне на сите семејства на починатите и повредените во страшната временска непогода во Хрватска. На сите нека им е подобар животот во 2021 година, го посакувам тоа од се срце“, порача Вељко.