Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, по минатогодишната свадба, отворено зборува за медиумското внимание кое неговото семејство го добива.
„Мене ми е интересно. И на свадбата си поминав убаво. Мајка ми и сестра ми плачеа, но мене ми беше многу забавно. Жените малку поемотивно ги доживуваат тие моменти“, изјавил тој и додал дека му е одлично што Богдана не е трудница која премногу бара и има чудни идеи за храна.
„Се радувам како мало дете. Отсекогаш сакав првото дете да биде син. Ме плашеа какви се трудниците, но Богдана е висинска легенда“, кажал тој и открил дека за раѓањето на бебето ќе има голема веселба, но нема да биде јавна.
На прашањето дали планира да се отсели од вилата на мајка му, тој одговорил:
„А со кого да ја оставам неа? Ако се појави маж кој ќе може со неа, јас ќе им дадам приватност. Но, дотогаш, за мојата мајка се грижам јас.“