Велковска: Лајка работи без одобрена програма од Агенцијата за храна и ветеринарство (ФОТО)

Во рамки на работењето на ЈП Лајка и поднесената претставка од член на Градот Скопје, Драгана Велковска,  денес таа го објави документот во кој се гледа дека во одговорот стои фактот дека програмата за работа на претпријатието не е одобрена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Денес добив одговор на претставката што ја поднесов против ЈП Лајка Скопје . Прифатилиштето работи БЕЗ одобрена програма од Агенцијата за храна и ветеринарство – Food and Veterinary Agency!
Одобрувањето на програмата е законска обврска според чл. 28 ст. (3) од Законот за заштита и благосостојба на животни!
Незаконско работење е можно САМО со перпетуирање на длабоката партизираност на институциите. Да не му се наруши „угледот“ на шилегов. Да не види јавноста дека 4 години е НЕСПОСОБЕН да отвори и законски да управува со еден обичен стационар за бездомни животни, камоли нешто повеќе!
Устава пена ми фати во Совет на Град Скопје дека програмата што ја гласа владејачкото мнозинство (веќе третпат по ред!) е ПРОТИВЗАКОНСКА.
НИШТО нема да се смени додека активисти-волонтери за животни и животна средина не станат дел од Советот на Град Скопје! НИШТО“, се вели во фејсбук објавата на Велковска.

Слични содржини