Велковски бара извинување од Арсовска: Со клеветничка изјава го наруши мојот углед и чест

од Берта Китинска
370 прегледи

Ѓоко Велковски кој во понеделникот си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје, преку Фејсбук побара градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да му се извини за како што вели тој клеветничка изјава кои му го нарушиле угледот и чест.

-На ден 12 Септември 2022 година, на одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела Арсовска се изнесени невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопштение до јавност од кабинетот на Градот Скопје.Со индигнација ги отфрлам тврдењата дека на било кој начин сум работел несовесно и сум влијаел на процесот за избор на компанија за пречистителната станица!Се работи за клеветничка изјава која го нарушува мојот углед и чест.Оттука, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 13 и 14, барам од Арсовска во целост да ја повлече изјавата и да се извини за невистините и лагите кои ги шири и со кои ја манипулира јавноста. Во спротивно, доколку не постапи по ова барање во законски предвидениот рок од 48 часа, ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета, пишува Велковски.

Слични содржини