Велковски: Бугарија стави блокада зашто се придржувавме до Договорот, не отстапуваме од идентитетот и јазикот

од Nikola Popovski
287 прегледи

„Не ми е јасно зошто е одговорен Никола Димитров. Сите знаат дека Бугарија излезе од концептот на Договорот за пријателство. Ние секако дека сакаме добри односи со соседот и се бориме за тоа. Но, ете, Бугарија со постапката направи проблем, иако сите ни дадоа поддршка за евроинтеграциите. Нашите ставови се јасни, ние разговараме врз основа на Договорот, нема отстапки за идентитетот, за јазикот и културата“, изјави пратеникот на СДСМ, Диме Велковски, во „Патот кон“ на Алсат телевизија.

Тој потенцира дека самиот Договор е потпишан и на македонски јазик.

„Ќе продолжиме со преговорите, ни претстојат многу заеднички проекти со Бугарија во различни области. Вистината е таа, Северна Македонија нема никакви претензии кон соседите. Точно е дека сакаме евроинтеграциите да продолжат, огромен број граѓани го посакуваат тоа. Потсетувам дека ВМРО ДПМНЕ го гласаше Протоколот за НАТО го гласаше под име Северна Македонија, тогаш имавме 117 гласови ЗА, и тоа е исполнета реалност, ние сме полноправна членка на НАТО. Убеден сум дека и втората мисија ќе ја завршиме и ќе почнеме да преговараме со ЕУ“, вели Велковски.

Според него, нашата држава го почитувала Договорот со Бугарија и затоа не направила никакви отстапки.

„Се што имаме ветено за ЕУ, измени на закони на пример, ние се направивме, но Бугарија постави блокада. Оваа Влада не излезе надвор од Договорот. Може блокада немаше да има ако ние излезевме од Договорот, но тоа немаме намера да го направиме“, дополни Велковски.

Слични содржини