299
Пратеникот од СДСМ, Диме Велковски вели дека вчера пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ малку се збунила во однос на самиот дневен ред на седницата во Собранието.
-Тука настана дали некој ќе зборува 10 или 3 минути, а се е запишано. Немаше никаква потреба од сцени, намерно се употребуваа зборовите „срамота, драма, како некој да не дава збор…“. Не сум адвокат на Талат Џафери, но го кажувам тоа што го пишува. Во однос дали е активна блокада на Собранието, лично веќе сум навикнат. Го гледаме истото наназад година две. Тоа постоело и претходно, ќе постои и во иднина, но ќе го издржиме, не е проблем. Во државата има повеќе проблеми, како енергетската криза, истакна Велковски во емисијата „Вин-вин“.