Велковски забрани користење на државни возила во изборната кампања

од Nikola Popovski
259 прегледи

Техничкиот министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска до директорите на Центрите за социјална работа, Меѓуопштинските центри за социјална работа, Јавните установи и сите чинители на избрани и именувани функционери кои се под капата на ова министерство испратил укажување за користење на движни и недвижни ствари во државна сопственост за време на изборната кампања, а во согласност со изборниот законик, соопштија од ресорното министерство.

„Укажувањето се однесува на законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборната кампања и тоа за Избори за Претседател на Република Северна Македонија 2024 година и Избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Непочитувањето на обврските и забраните од укажувањето повлекува кривично – правна одговорност согласно законските прописи.

Во наредниот период доколку било кој граѓанин забележи злоупотреба на ресурси, агитирање, партиски активности, злоупотреба за службената положба во функција на влијаење на слободната волја на граѓаните веднаш да го пријави истото во министерството на 02/3106456 или на емаил [email protected]“ се наведува во соопштението.

Претходно од ДКСК соопштија дека за потребите на изборната кампања за претстојните претседателски и парламентарни избори забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста.

ДКСК укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи и тоа за избори за претседател на Република Северна Македонија 2024 година и избори за пратеници во Собранието на РСМ кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

Слични содржини