Велсипедист се повредил при пад на тешко пристапна патека на Водно, му помогнале и случајни минувачи

од Stefanija Kuzmanovska

Велсипедист попладнево околу 15 часот се повредил при пад на тешко пристапна пашачка патека под средно Водно.

Првиот човек на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов објави дека пријавата за случајот стигнала на 112 и екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата.

„До повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека. Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош“, вели Ангелов.

Тој им заблагодари на докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кое имало силни болки.

Слични содржини