31
Запленувањето на авионот на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД е чин на „пиратство“, соопшти денеска венецуелската влада.
Министерот за надворешни работи Иван Хил рече дека САД ја оправдуваат оваа акција со „присилни мерки што тие еднострано и незаконски ги наметнуваат низ целиот свет“, пренесува Би-Би-Си.
Венецуелската влада, исто така, во соопштението наведе дека „го задржува правото да преземе какви било правни дејствија за да ја поправи штетата предизвикана на државата“.