Властите во италијанскиот град Венеција објавија дека воведуваат “12 златни правила за однесување на гостите”, а при прекршување казната ќе биде од 25 до 500 евра, соопшти здружението на руските туроператори.
“Венецијанските власти најавија зголемување на казните за непристојно однесување. Наместо претходните 50 евра за капење во каналите ќе се плаќаат 500 евра. За прошетка во градот по костим за капење или со разголено тело глобата станува 200 евра. По 100 евра ќе се земаат од секој кој прави пикник на јавно место или вози велосипед во пешачки зони “, се вели во пораката.
Потсетуваат исто дека властите предвидуваат казна за пишување по споменици (400 евра) и оставање ѓубре (25 евра).
Туристите ќе бидат информирани за 12-те правила преку нова кампања #EnjoyRespectVenezia ( “Уживај ПочитувајЈаВенеција”) во социјалните мрежи, како и со пораки и постери на сајтот на општината, на билборди и во местата каде што има најголем број луѓе .
Кампањата ќе биде на 10 јазици.
Венеција веќе има на сила ограничување на бројот на туристите, кои можат да го посетуваат центарот на градот. Наместо 100 000 луѓе (кои се собираат да го гледаат фестивалот Festa del Redentore), ќе биде дозволен број од само 60 000. Воведен е и мораториум на изградбата на нови хотели и ресторани за брза храна во историскиот дел на Венеција.